fbpx

Сместен на самиот брег од Охридското езеро и реката Црни Дрим, во срцето на градот Струга, Хотел Дрим располага со 196 стилски уредени соби и 4 апартмани. Без разлика дали сте на одмор, семинар, свеченост можете да добиете едно уникатно доживување. Хотелот нуди сместување во двокреветни, трокреветни супериор соби, или пак еден од нивните пространи апартмани.
Аперитив барот е централниот бар кој се наоѓа во лобито на хотелот. Освен што опслужува пијалоци и храна во самото лоби на хотелот, располага и со тераса со капацитет од 90 седишта, со исклучителен поглед на Охридското Езеро.
Плажа барот е поставен на самата плажа пред хотелот. Нуди избор на најмодерни коктели, смути и освежителни пијалоци. Одличен избор за топлите летни денови.
Камелија барот е поставен веднаш до отворениот базен и е направен за да може да ги опслужи и гостите кои се на отворениот базен и оние кои се наоѓаат на плажа.
Со одличната храна како и преубавиот амбиент, плажата на хотелот е една од најпосетените во градот.

2 HB (ноќевања со појадок и вечера) - 49 € по лице
2 FB (полни пансиони) - 59 € по лице
период на престој: јануари - февруари
* Сместување во Двокреветна супериор соба

Предлог еднодневна тура која вклучува разглед на Струга, куќата на браќата Миладиновци, старата струшка чаршија, Мостот на поезијата и потоа продолжува со посета на пештерската црква и манастирот посветен на Дева Марија (14-ти. В) во село Калишта и црквата Свети Архангел Михаил (село Радожда). Во селото Калишта по посетата на пештерската црква Свети Архангел Михаил (14-ти в.) и манастирот, имате можност да купите од познатата манастирска ракија со сирење и грозје.

Прочитано 201 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 14.00

Top