fbpx


СИЦИЛИЈА
Авион/ 6 дена/ 5 ноќевања


Сицилија е најголем остров во Медитеранот кој географски и припаѓа на Италија, но, во културолошка смисла е земја сама за себе, со единствена традиција, кујна и неповторлив ритам на уживање. Сицилија – магичниот остров, чиј брег го заплискуваат водите на Јонското, Тиренското и Средоземното море, е богата со траги од древните цивилизации, остатоци од вулканските активности, разновидна природа, прекрасни плажи, насади со винови лози и сликовити гратчиња. Сицилија е медитерански свет во мало, со старогрчко, староримско, византијско и шпанскo наследство, а, се смета за најголем музеј на отворено.

25. Мај (Сабота) СКОПЈЕ – ТИРАНА – КАТАНИЈА
Состанок на групата на договореното место и поаѓање за Тирана во 04:00 часот. Полетување за Катанија во 11:05 и слетување во 12:45 часот. Трансфер до хотелот во Катанија и сместување. Овој град под Етна, после бурната историја и земјотресот, обновен е во 17 век во барок стил и е најголемо пристаниште и стопански центар на Сицилија. Пешачки разглед на историскиот центар. Меѓу многуте раскошни палати и цркви, се истакнува катедралата која го носи името на Света Агата – заштитничка на градот. Прошетката продолжува покрaj рибниот пазар, еден од најпознатите во цела Италија, дворецот Урсино изграден во 13 век, Универзитетот, улицата Via Crociferi... Слободно време за уживање и освежување со највкусниот сладолед и сицилијанскиот десерт - гранита. Ноќевање.
26. Мај (Недела) КАТАНИЈА – СИРАКУЗА – ЕТНА - ЏАРДИНИ НАКСОС
Појадок. Патувањето продолжува за Сиракуза, која била најзначаен и најубав град во покраината, која античките Грци ја нарекувале Мagna Grecia, позната уште како градот на Архимед. Разглед на центарот на градот кој се наоѓа на островот Ортиџа – остатоци од Аполоновиот храм – најстариот грчки храм на Сицилија, градското собрание, фонтаната на божицата Дијана, катедралата над некогашниот храм на Минерва... Патување со автобус до симболот на Сицилија - вулканот Етна – највисокиот активен во Европа. Патот не води низ пределите, низ кои некогаш поминувала вжештената лава. По пристигнување на највисоката дозволена висина – 1800 метри, истражување на кратерот Силвестри и околината. Пристигнување во хотелот во Џардини Наксос во попладневните/ вечерните часови и сместување. Ноќевање.
27. Мај (Понеделник) ЏАРДИНИ НАКСОС - ТАОРМИНА
Појадок. Слободно време за уживање и прошетки покрај море. Во попладневните часови, посета на сликовитата Таормина, со јавен превоз, едно од најубавите гратчиња во Италија, изградено на брдото Monte Tauro од каде се пружа фантастичен поглед на околината и брегот. Ова место, познато уште како бисерот на Медитеранот, поради својата положба и шармот, ги привлекува туристите од целиот свет. Прошетка низ горниот дел од градот, во кој се влегува низ Porta Mesina, пешачката зона Corso Umberto, плоштадот Виктор Емануел, катедралата, грчко-римскиот театар од 3 век пне. Таормина е гратче за уживање, добро капучино или аперитиво, на некоја од панорамските тераси. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.


28. Мај (Вторник) ЏАРДИНИ НАКСОС - ПАЛЕРМО
Појадок. Организиран трансфер до Палермо. Сместување во хотел. Во попладневните часови разглед на главниот град на Сицилија за кој може да кажеме дека е најживописен на островот. На улиците се забележуваат остатоци од бурната историја, уште од времето на Феникијците кои го основале. Во градот има повеќе од 230 цркви, од кои голем дел се постари од 1000 години. Ќе ја видиме Новата Порта, Норманската палата, катедралата – одлична готско-барокна градба пред која се наоѓа статуата на Света Розалија, заштитничката на Палермо, плоштадите Кватро Канти и дел Комуне со фонтаната на срамот, театарот Масимо, ќе се прошетаме по улицата Виктор Емануел... Ноќевање.
29. Мај (Среда) ПАЛЕРМО - МОНРЕАЛЕ
Појадок. Посета на гратчето Монреале, со јавен превоз, оддалечено 7 километри од Палермо, сместено на брдото Monte Caputo. Во него се наоѓа прекрасната катедрала од 12 век, ремек дело на норманската архитектура со познатите златни мозаици на кои се претставени сцени од стариот и новиот завет. Слободно попладне во Палермо. Ноќевање.
30. Мај (Четврток) ПАЛЕРМО - КАТАНИЈА – ТИРАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Можност за посета на некој од многуте локални маркети. Палермо е познат како град со најдобра улична храна во цела Италија, а по последните награди и во цела Европа, така што вкусувањето на овие специјалитети е нешто што треба да се направи. Трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување за Тирана во 21:45, слетување во 23:00 часот и трансфер до Скопје.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 799 евра (49.550 денари)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Тирана-Катанија-Тирана со вклучени аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
- Трансфер на релација Скопје-Тирана-Скопје
- Сите трансфери на Сицилија според програмата
- Сместување во Хотел во Катанија, на база 1 ноќевање со појадок
- Сместување во Хотел во Џардини Наксос, на база 2 ноќевања со појадок
- Сместување во Хотел во Палермо, на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и прошетки според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
- Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
- Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
- Влезници во музеите и културно историските споменици
- Билети за јавен превоз
- Патничко – здравствено осигурување
НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Прочитано 7503 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top