fbpx

Вила Попис се наоѓа на самото шеталиште, т.е прва пешачка улица во строгиот центар на Калитеа, во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткара, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали, Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг, најблизок паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен и се наоѓа на 2 паралелни улици погоре од самата вила. Во долниот дел на вилата се наоѓа мала приемна канцеларија каде се подигаат клучевите за сместувањето, и се остава багаж додека се чека превоз при напуштањето на собите.

Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi.

VILA DIMITRA

30 Ное 2016

Вила Димитра се наоѓа на 800метри од плажа, веднаш до училиштето на Калитеа, и на 2мин пешачење до центарот на Калитеа, вилата не располага со паркинг, но на самата улица може да се паркира, исто има и бесплатен паркинг на 40м одалеченост од вилата.
Трокреветните студија, располагаат со три редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима без доплата и wi-fi, истите се наоѓаат на приземје и едно студио на втор кат
Четворокреветните студија располагаат со четири редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен толатет и балкон или тераса, тв, клима без доплата и wi-fi.
Петтокреветното студио располага со едноспален кревет за две лица и три единечни легла, се наоѓа на прв кат и гледа кон улица, има кујна на страна од собата со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi.

MEROPI APARTMENTS

30 Ное 2016

Вила Меропи се наоѓа на самата магистрала, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите, излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, на 200м од самата вила на 3 паралелни улици со неа има бесплатен паркинг за возила. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткара, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали, Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.
Сите соби се наоѓаат на прв спрат и се трокреветни, т.е еден дупли кревет и еден единечен, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, мал и тесен балкон без поглед, ТВ, клима без доплата и wi-fi.

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top