fbpx

Вила Монте Рио е сместена во централниот дел на Будва, на 500 метри од познатата Словенска плажа. Вилата е опкружена со зеленило. Се наоѓа во мирниот дел од градот, далеку од летната бучава и гужва, но сепак блиску до морето, кафе-баровите и продавниците. Објектот е со сопствен ресторан, пријатно опремени соби и гостопримлив персонал. Вилата располага со 120 лежаи распоредени во двокреветни, трокреветни и четирикреветни соби. Собите поседуваат сопствена голема тераса со гарнитура за седење, сопствено купатило со туш кабина, WiFi, TV, фрижидер, клима уред. Собите имаат поглед на планина, а некои соби имаат и поглед на море. Покрај услугата за сместување, вилата овозможува услуга за храна и пијалоци во ресторанот кој се наоѓа во склоп на објектот (капацитет околку 90 места).

ЦЕНОВНИК ВИЛА МОНТЕ РИО – БУДВА ЛЕТО 2021

Услуга

Октомври - Април

Мај

01.06-14.07 / септември

15.07-31.08

Ноќевање со појадок

17

19

23

26

Полупансион

22

24

28

31

Напомени:

- Цените се дадени по лице по ден
- Туристичката такса е вклучена во цената
- Доплата за еднокреветна соба - 50% (во период од 15.07-31.08 доплатата е 80%)
- Паркинг - 5 евра/ден (се наплаќа во период јули-август)
- Check in: од 13:00 h
- Check out: 09:00 h


Попусти за деца (во трокреветни соби):
- Деца до 4 години - гратис
- Деца од 4-12 години плаќаат 50% од износот

ОПШТИ УСЛОВИ:
- За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
- Цените се дадени за наем на соба во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)
- Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка и онлајн уплата на нашата веб страна
- Задолжително патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата
- Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
- За хигиената на собите се грижат гостите
- Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
- Се патува преку граничниот премин Блаце
- Не е потребен PCR тест за влез во Црна Гора
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

Прочитано 513 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • Viber & WhatsApp 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 18.00

Сабота 09.00-13.00

Top